Струмица

 

English

•  ИСТОРИЈА
•  АРХИТЕКТУРА
•  СПОМЕНИЦИ
•  МЕМОРИЈАЛНИ СПОМЕНИЦИ
•  ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ
•  СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ
•  ИНСТИТУЦИИ
 
•  Friends
•  Contact
•  Imprint
 МЕМОРИЈАЛНИ СПОМЕНИЦИ
МЕМОРИЈАЛНИ СПОМЕНИЦИ - СПОМЕНИК МАКЕДОНИЈА

Во срцето на Струмичкиот градски парк е поставен споменикот "Македонија".Споменикот е изграден во чест на нашиот сограѓанин, трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Автор на скулптурата "Македонија" е познатиот Руски скулптор од светски глас Григориј Потоцки. Истата беше изработена во рамките на "Меѓународната струмичка ликовна колонија - 2005". На мермерната плоча на споменикот е испишана познатата изрека на претседателот Б.Трајковски “сите заедно споделуваме една единствена судбина наречена Македонија...”



Споменикот е резултат на иницијативата на локалната самоуправа и е реализиран во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација.
Споменикот беше откриен од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, Љупчо Јордановски и Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, на 11 Декември 2005 година по повод  Денот на заштитниците на Струмица Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

News